Од TППЕ-Крушево известуваат дека пожарот на м.в.Долни Камења во близина на с.Селце кој започна на ден 11.11.2018 г. каде гореше дабова и букова шума, дел борчиња, сува трева, папрат и трње е ставен под конрола.

 

Од ПСШ-Кајмакчалан-Битола известуваат дека пожарот кај село Кишава е сеуште активен. Во текот на ден 14.11.2018 година интервенираше екипа од ПШС-Кајмакчалан-Битола. За ден 15.11.2018 година повторно ќе интервенира екипа од ПШС-Кајмакчалан-Битола.

Од ДЗС-Битола известуваат дека од кругот на ф-ка Цермат-Битола подигната 1-на Артилериска граната од 80.мм од I-ва Светска војна. Истата е безбедно ускладиштена.

Според информациите пристигнати до 8:30 часот во ЦУК, состојбата со активни пожари на територијата на Македонија е следна:

 

Велешки регион

Во попладневните часови на 11.11.2018 година, во месноста Средок во атарот на велешкото село Мокрени, појавен е шумски пожар. Од пожарот е зафатена високостеблеста букова и дабова шума. Пожарот е приземен, гори листинец и суви гранки. Во гасењето се ангажирани вработени во ШС Бабуна. Во текот на денот изработен е  појас со цел да се спречи понатамошното ширење на истиот. Во текот на денешен ден  екипата на ШС Бабуна ќе продолжи со гасењето.

 

Охридски регион

Во попладневните часови на ден 12.11.2018 година започант е пожар во атар на селата Врбјани и Годивје. Со пожарот е зафатена сува трева , ниска вегетација и дел од шума. Екипа на ТППЕ Охрид работи на негово локализирање.

Околу 12:30 часот на ден 13.11.2018 година започант е пожар во атар на с.Речица, општина Охрид. Со пожарот зафатена е нискостеблеста шума и сува трева на непристапен терен. Во гаснењето на пожарот интервенирале 4 лица од ШС Галичица. Пожарот е сеуште активен.

 

Пожарот во атар на с.Колари, општина Кичево кој започанал на ден 11.11.2018 година е целосно изгаснат.

 

На ден 12.11.2018 година во 14:10 часот започнат е пожар на отворен простор помеѓу селата Русјаци и Ореоец на место викано Јамчки Камен, општина Македонски Брод. Во гаснењето на пожарот интервенирале лица од ШС од Македонски Брод и екипа од ТППЕ Македонски Брод. Во моментот гори сува трева и папрад, и дел од лисна постилка во дабова шума. Нема поголема опасност. Гори поголем појас и не може да се утврди точна локација на викано место. Од страна на атар на с.Ореовец е ставен под контрола, а од страната на с.Русјаци гори, но без опасност од проширување во шумски појас. Активно е од страната на с.Ижиште каде се очекува да префрли пожарот на територија на општина Кичево, но засега не сеуште на територија на општина Македонски Брод.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, на ден 13.11.2018 година во 14:47 часот регистрирше земјотрес, чиј епицентар се наоѓа 180 km западно од Скопјe, во соседна Република Црна Гора. Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 4.4, а беше почувствуван од населението во западните делови од републиката со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.