Според информациите пристигнати до 8:30 часот во ЦУК, состојбата со активни пожари на територијата на Македонија е следна:

 

Oд попладневните часови на ден 11.11.2018 година има шумски пожар во ското село Црвена Вода. Со пожарот е зафатена мешана шума даб и бука и истиот е на непристапен терен. Во гаснењето на пожарот интервенирале лица од ШС „Караџица“. Во текот на денешниот ден ќе продолжат со гаснење на пожарот.

 

Од ШС „Кајмакчалан“ – Битола известуваат дека пожарот во с.Кишава, кој е започнат на ден 09.11.2018 година сеуште е активен. Во текот на вчерашниот ден интервенирале лица од ШС Кајмакчалан. Се работи за приземен пожар каде гори лисна постилка, папрат и сува трева. Екипата во текот на ден 13.11.2018 година повторно ќе интервенира.

 

Во општина Крушево, пожарот на м.в.Долни Камења, во близина на с.Селце кој започна на ден 11.11.2018 година, сеуште е активен, но во еден дел е изгаснат. Гори дабова и букова шума, дел борчиња, сува трева, папрат и трње. Во текот на денот интервенирале ТППЕ Крушево и вработени од ШС „Липа“ – Крушево. Со гаснењето на пожарот ќе се продолжи во текот на денешниот ден.

                                       

Од ТППЕ Струмица известуваат дека во текот на вчерашниот ден во попладневните часови појавени се пожари на две локации и тоа над с.Колешино (опш.Ново Село) и над с.Банско (опш.Струмица). Во утринските часови на ден 13.11.2018 година планирано е во гаснењето на пожарите да интервенираат екипа од ТППЕ Струмица, како и вработени од ШС „Беласица“ – Струмица кај с.Банско и вработени од ШС кај с.Колешино.

 

Од ШС „Лопушник“ – Кичево известуваат дека на ден 11.11.2018 година појавен е пожар високо над с.Колари во кој гори листенец и нискостеблест даб. На ден 12.11.2018 година, вработени од ШС Лопушник била на лице место и го контролирала пожарот,

 

Во општина Македонски Брод, во текот на вчерашниот ден од 14:10 часот појавен е пожар на просторот помеѓу селата Русјаци и Ореоец, м.в.Јамчки Камен во кој гори сува трева и папрат. Во текот на денот интервенирале  вработени во ШС „Сандански“ – Македонски Брод и екипа на ТППЕ Македонски Брод

Според информациите пристигнати до 8:30 часот во ЦУК, состојбата со активни пожари на територијата на Македонија е следна:

Од ШС „Кајмакчалан“ – Битола известуваат дека пожарот кај с.Кишава сеуште е активен. На ден 11.11.2018 година интервенирале вработени во ШС, кои известуваат дека пожарот во голема мера е локализиран. За ден 12.11.2018 година планирано е нивна екипа да излези на терен.

Од ТППЕ Крушево известуваат дека во 18:30 часот на ден 10.11.2018 година добиле пријава за пожар во атарот на Крушево, м.в.Бела Вода. Поради вечерните часови истиот ден не е интервенирано, туку со интервенција започнале утрото на ден 11.11.2018 година, Интервенирале нивна екипа и вработени во ШС „Липа“ – Крушево. Опожарена е површина од околу 100 хектари сува трева, папрат, борови насади, нискостеблеста дабова шума и букова шума. Пожарот сеуште е активен со намален интензитет, а на истиот ќе се интервенира и на 12.11.2018 година.

Од ШС „Лопушник“ Кичево известуваат дека од 16:00 часот на ден 11.11.2018 година активен е шумски  пожар над с.Колари. Во текот на утринските часови на ден 12.11.2018 година, екипа од ШС „Лопушник“ Кичево ќе оди на терен за да интервенира на пожарот.

Според информациите добиени до 08:30 часот, од ШС „Лопушник“ – Кичево известуваат  дека пожарот кој се движеше во правец на с.Бериково и Ќафа е изгаснат. Исто така, пожарот над с.Папрадиште е локализиран и е ставен под контрола. Горела папрат, трева, листенец, букова шума и нискостеблеста шума.

На ден 08.11.2018 година во попладневните часови заеднички тим од РЦУК Кичево и ДЗС Кичево направил обиколка на теренот кој е зафатен со пожар кој се префрли од територијата на Македоснки Брод. Со пожарот е зафатена букова шума и пожарот сеуште е на висок непристапен терен но се движи во правец на с.Козичино. Пожарот е локализиран.

Од ШС „Беласица“ – Струмица информираат дека пожарот над с.Габрово е локализиран и догорува во внатрешноста. Местото на пожарот постојано го контролира екипа од ШС.

Шумскиот пожар кој започнал на ден 06.11.2018 година над с. Габрово на врвот од планината Беласица м.в. Аџи Бунар е ставен под контрола. Во гаснењето учествувале вработени од ШС Беласица. Луѓето се повлечени, а во утринските часови  ќе излезат во контрола на теренот.

 

Пожарот кај Бериково и Ќафа, општина Кичево, кој започна на 06.11.2018 година,  има 2 активни жаришта  на висок и непрестапен терен. Едното жариште е над село Папрадишта и другото над село Бериково. Гори папрат, трева, листенец, букова шума и нискостеблеста шума. На двете места има екипи од ШС Лопушник  кои ја контролираат ситуацијата.

 

Пожарот кај село Козичино кој започна на ден 07.11.2018 година се конторлира со екипа од ШС Лопушник. Пожарот е високо над селото и во моментов нема опасност по објекти и лица.

 

Активен е и пожарот во атарот на селата Русјаци и Ореовец, општина Македонски Брод. Истиот е на непристапен терен и не загрозува шумски појас, а гори дел од пасиште со сува трева.