Од ЈПШС „Јабланица“ Струга информираат дека во текот на вчерашниот ден нивни вработени интервенирале на шумски пожар над с.Локов каде што била зафатена шума и смрека. Пожарот не бил целосно локализиран.  Исто така нивни вработени и мештани  интервенирале на шумски пожар кај с.Татеши. Двата пожари се сеуште активни со помал интензитет, а екипи на ЈПШС „Јабланица“ Струга се на терен и ја следат состојбата.

Од ДЗС Битола известуваат дека во близина на поранешната касарна во Битола, во непосредна близина на зградата Јуриј била пронајдена артилериска граната 75 мм од Првата светска војна. Истата била подигната од пиротехничар од ДЗС и безбедно складирана во нивни магацин.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно - математичкиот факултет во Скопје, од 26.10.2018 година ја следи сеизмичката активност и регистрира повеќе земјотреси кои се наоѓаат на 550 км  југозападно од Скопје, во соседна Грција во подрачјето на субдукционата зона западно од полуостровот Пелопонез. Најсилниот земјотрес се случи  во 00:54 часот и беше со Рихтерова магнитуда од 6.8.

Земјотресот беше почувствуван и на цела територијата на Република Македонија особено на повисоките катови со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Од БППЗ на град Скопје известуваат дека пожарот кој започна околу пладне на ден 17.10.2018 година помеѓу селата Љубанци и Љуботен, во текот на вчерашниот ден (18.10.2018 г.) е проширен над Рамно на  место викано Црн Камен и е сеуште активен. Со пожарот е зафатена букова шума на неутврдена површина. Во текот на денот во негово гаснење интервенирале екипа на БППЗ и вработени во ШС Караџица.