Од ЕЛС Демир Хисар известуваат дека на 04.07.2018 година, во период од 19:00 до 02:00 часот, екипи од ЦЈЗ Битола ќе ја спроведат првата фаза од теристичката дезинсекција со цел уништување на комарците на подрачјето на Демир Хисар.

Од Град Скопје известуваат дека терестичната дезинсекција на подрачјето на Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива во деновите од 03.07.2018 до 07.07.2018 (од вторник до сабота), во период од 23:00 до 04:00 часот наредниот ден.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат евентуалните потребни мерки за заштита на пчелите.

Терестичната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива во деновите од 03.07.2018 до 07.07.2018 (од вторник до сабота), во период од 23:00 до 04:00 часот наредниот ден. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат евентуалните потребни мерки за заштита на пчелите.

 

Скопски регион

Во текот на вчерачниот ден, поради силниот ветар и обилните врнежи од дожд кои го зафатија градот Скопје имало дојави за паднати дрва на различни локации, за што веднаш се информирани во ЈП Паркови и зеленило – Скопје. Исто така, по дојавата дека на ул.Карл Либнех, помеѓу зградите со броеви 3 и 4 има паднато греди и дел од лимен кров, веднаш биле известена опш.Гази Баба за понатамошно постапување.

 

Битолски регион

Како последица на поројниот дожд кој го зафатил градот Прилеп (околу 30 л/м2) во периодот од 12:30 до 13:00 часот, заради неможноста канализационата мрежа да ги прими врнежите дошло до поплавување на улиците Димо Наредникот, Бидимаш, бул.Гоце Делчев во централниот дел од градот при што било отежнато одвивање на сообраќајот. По престанување на врнежите состојбата се нормализирала. Екипите од Јавните комунални претпријатија интервенирале на одзатнување на шахтите и расчистување на нанесената кал по градските улици. Забележана е и појава на слаб град но засега нема информации дали има штети на земјоделските површини во околината на Прилеп. Пријавени се поплавени подрумски и приземни простории во нас.Тризла како и од куќа на ул.Цане Коњарец. Интервенирале од ТППЕ Прилеп.Пријавен е и удар на гром во куќа на ул.Поп Спасе Игумен. Причинета е материјална штета но не бил предизвикан пожар. Прекин на снабдувањето со електрична енергија заради   дефект имало во централното градско подрачје во нас.Дебој, нас.11 Октомври и реонот кај Прилепската касарна, во времето од 14.00 до 16.00 часот. Екипите на ЕВН го отстраниле дефектот.

 

Скопски регион

Во текот на вчерашниот ден во попладневните часови како последица на врнежи примени се дојави за задржување на поголема количина на вода на крстосницата на улиците Марк Твен и Ацо Шопов, како и за заезерување на водата на патот од пругата кон с.Волково (кај „Шкорпиот“ и месарата „Мега“). Од страна РЦУК Скопје веднаш се известени надлежните служби.

 

Битолски регион  

Околу 18:00 часот, подрачјето на општина Ресен било погодено од силни врнежи од дожд и град со кои во поголема мера биле погодени селата Горно Дупени, Евла и Болно и атарот на м.в.Ресенски Лозја. Врнежите траеле 15тина минути, а градот бил со големина на лешник, при што е предизвикана голема штета на овошните насади.

 

Велешки регион

Од невремето кое на ден 13.06.2018 година ги зафати подрачјата на општините Свети Николе и Лозово, нанесени се значителни штети на земјоделските култури. На подрачјето на општина Свети Николе се врши увид и процена на настанатите штети. На подрачјето на општина Лозово, покрај штетите на земјоделските насади, поплавени се куќи и оштетени се покриви на куќи. Во с.Сарамзалино паднати се електрични столбови и скинати се жици од системот за електро снабдување. Во атарот на с.Лозово дојде до излевање на отворениот канал од хидросистемот Брегалница, при што направени се дополнителни штети на земјоделските површини и објектите.

 

Штипски регион

По невремето кое го зафати ова подрачје, на ден 13.06.2018 година,  од 19:00 до 21:30 часот, ТППЕ Кочани интервенирале на отстранување на четири тополи во с.Уларци. Во Кочани, на ден 14.06.2018 година, интервенирале за црпење на поплавени простории од обилни врнежи и тоа: Од дуќани во Трговскиот центар; Од подрумски простории на поранешната фабрика за хартија и Од подрум на семејна куќа на ул.Иван Иванов..