Од ТППЕ Ресен известуваат дека од 13:40 часот (25.04.2018) има активен пожар на ниско стеблеста дабова и борова шума  во атарот на с.Лева Река м.в.Острец, опш.Ресен. Интервенирале ТППЕ Ресен со 3 ПП возила и 6 пожарникари, ШС „Преспа Дрво“ со 10 вработени и 10 лица од месното население граѓани. Опожарени се околу 20 хектари, а причина за пожарот е скинат електричен вод. Екипите се повлечени од терен, денес во утринските часови ќе се интервенира со околу 20 лица од ПШС Преспа Дрво и од ТППЕ – Ресен.

Во Штипскиот регион, во текот на вчерашниот ден (25.04.2018), ШС „Малешево“ со 2 теренски возила и 10 вработени интервенирале на пожар на отворен простор на м.в. Кочански Рид, атар на с.Русиново. Горела стара дабова шума и пасишта.

На 22.04.2018 година, во 16:17 часот добиено е известување дека високо над с.Вешала-Општина Тетово на локација која е во близина на границата со Косово активен е пожар на отворен простор. Зафатена е сува трева и пасишта и засега нема опасност од проширување на огнот кон шумата. Локацијата е на непристапен терен и нема можност за интервенција. Состојбата се следи.

Од АРМ известуваат дека на ден 21.3.2018 година, од 10:00 до 18:00 часот, на стрелиштето Леково ќе се изведува боево гаѓање. Во горенаведниот термин, реонот на стрелиштето ќе биде забранета зона.

Во текот на вчерашниот ден, во 12:00 часот добиена е дојава за активен пожар над с.Три Чешми (опш.Штип) кој се протега по ридот према с.Криви Дол. Опожарена е борова шума, а дел од теренот е доста непристапен. На лице место беа екипи на ТППЕ Штип, ШС „Серта“ – Штип и дел од локалното население. Побарано е ангажирање на хеликоптери.