Од ЦЈЗ Прилеп известуваат дека бактериолошки неисправни води за пиење имаат регистрирано во селата Загорани, Веселчани, Црнилиште, Стровија, Долгаец, Маргари и Прилепец.

Бактериолошки неисправна, зголемена матнотија и понизок ПХ имаат регистрирано во с.Чумово.

Бактериолошки неисправна, зголемена матнотија, органски материи и понизок ПХ имаат регистрирано во с.Штавица.

Од МО на ГШ на АРМ известуваат дека на ден 03 и 04 декември 2018 година во периодот од 13.00 до 21.00 час. на стрелиштето „Леково“ ќе се реализира боево гаѓање. За таа цел се забранува секакво движење на лица  и стока во реонот на стрелиштето.

На ден 22.11.2018 година, вработените од општина Ново Село, вработените и учениците од ООУ „Мануш Турновски“ – с.Ново Село и ООУ „Видое Подгорец“ – Колешино земале учество на показна вежба за евакуација во случај  на елементарна непогода „земјотрес“.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, на 22.11.2018 година во 17 часот и 48 минути регистрирше земјотрес со Рихтерова магнитуда од 2.6 чиј епицентар се наоѓа 35 km северно од Скопје на границата со Косово.

Земјотресот беше почувствуван во Скопје со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.