На ден 21.11.2018 година, од 11:30 до 13:00 часот била одржана симулациска вежба на излевање на р.Липковка во која биле опфатени повеќе инстиотуции.

Целта на симулационата вежба била да се зајакнат капацитетите на тимовите за укажување итна медицинска служба во Куманово, да одговорат на потребите за време на поплава преку евалуација на повеќе функции од планот за подготвеност и одговор при кризни состојби на најреалистичен можен начин, за време на поплава.

Се симулирало излевање на р.Липковка од речното корито како резултат на пороен и силен дожд, во градското подрачје и ги поплави околните куќи (на локацијата „Средорек“ и низводно). При поплавата имало повредени и давеници кои сеуште покажувале знаци на живот.

По завршувањето на симулационата вежба се одржал состанок за евалуација со сите учесници во салата на општата болница во Куманово со почеток во 13:30 часот. Состанокот го водел Координаторот за функционирање на здравствениот систем во кризни/вонредни состојби.

Од Сеизмолошката опсерваторија добиено е известување во кое се наведува следното: Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, на ден 19.11.2018 година во 05:47 часот регистрираше земјотрес, чиј епицентар се наоѓа 180 km југоисточно од Скопјe, во соседна Република Грција.

Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 4.2, а беше почувствуван од населението во јужните  делови од републиката со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Oд ТППЕ Македонска Каменица известуваат дека во текот на вчерашниот ден од 11:00 часот има активен пожар во атарот  на село Саса 2, кај м.в.Портарето (Полана-та), со кој е опожарена папрат, дабова и букова шума на поголема површина. Интервенирала нивна екипа и шумари. Поради тешко достапен терен, интервенцијата е прекината во вечерните часови, а кон негово гасење ќе се пристапи и во текот на денешниот ден.

Според инфирмациите пристигнати во ЦУК до 8:30 часот, состојбата со пожарите на отворен простор на територијата на Македонија е следна:

 

Охридски регион

Oд ШС „Сандански“ Македонски Брод известуваат дека од страната на селата Ижиште и Ореовец пожарот е локализиран, додека сеуште гори на атар  на с.Русјаци на висок и непристапен дел над карпест предел и нема опасност по шумски појас.

ШС „Лопушник“ Кичево известува дека пожарот над селата Патеец и Козичино е делумно локализиран од нивна страна. Се појавува само чад од опожарените места.

Струмички регион

Од ШС „Беласица“ Струмица известуваат дека пожарот над с.Габрово на планината Беласица, од страната на с.Габрово е локализиран. Еден крак е активен према с.Банско, но е пресечен со природни патеки и нема опасност од ширење. Интервенирале вработени од ШС „Беласица“. Во утринските часови на ден 17.11.2018 година, ќе се интервенира и се очекува да биде изгаснат.

Велешки регион

Од ШС „Бабуна“ Велес известуваат дека нивна екипа интервенирале на пожар над с.Мокрени. Се работи за приземен пожар каде гореле лисја, трула маса и паднати дрва. Пожарот е локализиран и сеуште дими во внатрешноста, меѓутоа нема опасност од проширување. Денес ќе се изврши проверка на теренот.