Од МО ГШ на АРМ известуваат дека на ден 17.07. и 18.07.2017 година, од 09:30 до 15:30 часот на стрелиштето Леково ќе се изведува боево гаѓање.

Од Град Скопје известуваат дека авионската дезинсекција на подрачјето на Град Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 14.07 и 15.07.2017 година во раните утрински часови. Доколку временските услови не го дозволуваат тоа, авионската дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни. Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за  превземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Скопски регион

Од 01:00 часот над тунелот во Катланово, гори шума. Во гаснењето на пожарот учествуваат екипи на БППЗ на Град Скопје (опш.Петровец).

 

Струмички регион

Шумскиот пожар над с. Водоча место викано „Крсто„ е локализиран во 14:00 часот, во текот на вчерашниот ден. Во гаснењето на пожарот учествувале екипи од ТППЕ – Струмица, ШС Беласица, ЈПКД Комуналец, СВР Струмица, ДЗС Струмица и 1 екипа во приправност од итна медицинска помош. Од страна на ТППЕ Струмица со 8 пожарникари и 2 џипа на секои 2 часа се врши контрола на теренот.

 

Тетовски регион

Пожарот во атарот на с.Јажинце, кој е запален пред 4 дена, е сеуште активен. Зафатена е сува трева, грмушки и нискостеблеста шума. Известени се сите субјекти. Локацијата е на 3-4 километри од с.Јажинце во правец према караулата Кајчиновец.

 

Штипски регион

Запалена е сува трева и нискостеблеста шума во атарот на с.Бизиково. Вработени од ШС Кочани во текот на вчерашниот ден излегоа на терен но поради непристапноста и непрегледноста на теренот сaмо го следат пожарот. Известени се ДЗС Кочани и ТППЕ Кочани од каде е добиена информација дека ќе интервенират во текот на денешниот ден кога ќе се створат услови за тоа. Екипи на ШС „Пониква“ Кочани се излезени на терен.

Од Град Скопје известуваат дека авионската дезинсекција на подрачјето на Град Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 14.07 и 15.07.2017 година во раните утрински часови. Доколку временските услови не го дозволуваат тоа, авионската дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни. Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за  превземат потребните мерки за заштита на пчелите.

На ден 12.07.2017 година во период од 00,00 до 06,00 часот на територијата на општината Штип во раните утрински часови се спроведе тереистичка дезинсекција со цел уништување на комарците. Со дезинсекцијата се опфатени зелените површини во општина Штип, подрачјата по течението на реките Брегалница и Отиња, застојни води и подрачја околу каналиниот систем на трериторијата на општината, урбаните населби и локалитети.