Оридски регион

На пожарот во атарот на с.Гари, општина Дебар во текот на денот интервенираа 3 пожарникари од ТППЕ-Дебар и 6 лица од ЈПШС-Дебар. Во гасење на пожарот дејствуваше  и 1 авион на ДЗС со 1 прелет. Пожарот е сеуште активен.

 

Битолски регион

 

Пожарот кај с.Дабница во близина на манастирот Трескавец, општина Прилеп е локализиран во 18,30 часот. На кракот од пожарот кај с.Дабница интервенираа 4 пожарникари со 1 ПП возило. Од истиот пожар активен е кракот од пожарот кај с.Горно Село.

Пожарот кај с.Горно Дивјаци, општина Крушево е активен и истиот е проширен према планината место викано Бушава чешма. Има екипа од ТППЕ-Крушево  од 3 пожарникари со 2 пп  воила, 1 возило цистерна оставено е во селото заради  превенција. 

Од град Скопје известуваат дека четвртиот наврат на терестичната дезинсекција во 2017 година, на подрачјето на Град Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива во деновите од 28.08 до 02.09.2017 година, во период од 23:00 до 04:00 часот наредниот ден.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на терестичната дезинсекција, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.

Југозпаден плански регион

Во пожарот на атарот на с.Слатина на планината Баба, гори нискостеблеста деградирана шума и сува трева. Во гасење на пожарот учествуваат лица од ЈПМШ М.Брод. Пожарот во атарот на с.Слатина м.в. Видуш е ставен под контрола. Во гасење на пожарот учествуваат лица од ЈПМШ М.Брод. Пожарот на атарот на с.Ковач м.в. Речиште е локализиран. Во гасње на пожарот во атарот на с.Гари дејствуваат ТППЕ-Дебар и ЈПШС-Дебар, како и 1 хеликоптер.

 

Источен плански регион

Пожарот на местото вокано Сува Маала е ставен под контрола, нема жаришта, а на терен се екипи на ТППЕ-Каменица и вработени на ЈП Македонски Шуми кои го надгледуваат теренот.

 

Пелагониски плански регион

Пожарот кај с.Дабница е активен во близина на манастирот Трескавец. На кракот  од пожарот кај с. Дабница, како и кај манастирот има екипи на ТППЕ. Кракот од овој пожар према вештачкото езеро м.в Кукол и према рудникот Сивец е под контрола и се чува од страна на вработени од ЈП Македонски шуми. Пожарот кај с.Никодин  е под контрола,

 

На пожарот кај с.Горно Дивјаци, кој се проширил према планината М.В. Бушава чешма, дејствува екипа на ТППЕ-Крушево.

 

На еден дел од опожарената површина активиран е пожарот кај с.Алданци и с.Норово. Истиот гори во внатрешноста на опожарената површина и на терен има екипа  од МШ-Липа -Крушево  за контрола на истиот.

 

Повардарски плански регион

Пожарот во атарот на с. Богомила, во близина на железничката пруга Велес-Битола е проширен во правец кон патот за с.Стровија и врвот Орешка чука. Гори претежно дабова  шума. Во гасењето на пожарот се вклучени:ШС Бабуна Велес, а дејствувал и авион на ДЗС. Еден крак према тунелот е локализиран но останатиот дел према Орешка чука е активен.

 

Југоисточен плански регион

Од утринските часови на теренот за контролирање на пожарот кој беше локализиран на в.м. Погана – Самовилец во атар на с.Грчиште се ТППЕ Валандово и вработени од ШС Валандово.

 

ТППЕ Гевгелија интервенира на запалена ниско стеблеста мешана шума, сува трева, прнар, на м.в Боскија се спушта према Дојран и Гопчели. Пожарот е во непристапно место. На терен се екипи ТППЕ Гевгелија, Шумско стопанство, а се спрема и доброволно друштво на  против пожарна единица од Дојран да одат на терен.

 

Исто така и ТППЕ Струмица интервенира на запалена сува трева и насадни дрва на патот Струмица - с.Василево,  кај бензиска пумпа Лук Оил м.в   Зиковски блок. Пожарот е  под контрола

 

Североисточен плански регион

Екипа на ТППЕ Крива Паланка од утрово интервенира во с.Габар на запалена сува трева и мешовита шума. Во гасење на пожарот учествуваат екипи ТППЕ, ЈП Шумско стопанство и месното население.

 

Северен плански регион

Попчаднето пријавен пожар на борова шума над село Барово. На терен се екипи на БППЗ и од ЈП Водовод. Состојбата се следи.

 

Тетовско-полошки плански регион

Пожарот, во близина на с.Јеловјане (ЕЛС Боговиње) е целосно локализиран. На нагово гасње  дејствувале ТППЕ и месното население, како и со дејствување од воздух.

 

Југозпаден плански регион

Во пожарот на атарот на с.Слатина на планината Баба, гори нискостеблеста деградирана шума и сува трева и истиот се шири кон високостеблеста дабова шума. Во гасење на пожарот учествуваат лица од ЈПМШ М.Брод. Во пожарот во атарот на с.Слатина м.в. Видуш, гори деградирана шума од смрека и сува трева на претходно опожарена површина со правец на движење кон с.Локвица. Во гасење на пожарот учествуваат лица од ЈПМШ М.Брод. Пожарот на атарот на с.Ковач м.в. Речиште е ставен под контрола, на местото на опожарениот простор има лица од ЈПМШ М.Брод. Пожарот во атарот на с.Гари е на тешко пристапен терен. За негово гасење преземаат мерки ТППЕ-Дебар и ЈПШС-Дебар.

 

Источен плански регион

Пожарот на местото вокано Сува Маала е ставен под контрола, нема жаришта, а на терен се екипи на ТППЕ-Каменица и вработени на ЈП Македонски Шуми кои го надгледуваат теренот.

 

Пелагониски плански регион

На кракот од пожарот кај с.Дабница дејствува екипи на ТППЕ. Кракот од овој пожар према вештачкото езеро м.в Кукол и према рудникот Сивец е под контрола и се чува од страна на вработени од ЈП Македонски шуми. Пожарот кај с.Никодин  е под контрола,

На пожарот кај с.Горно Дивјаци, кој се проширил према планината М.В. Бушава чешма, дејствуваат екипи на ЈП М.шуми и ТППЕ-Крушево.

На еден дел од опожарената површина активиран е пожарот кај с.Алданци и с.Норово. Истиот гори во внатрешноста на опожарената површина и на терен има екипа  од МШ-Липа -Крушево  за контрола на истиот.

 

Повардарски плански регион

Пожарот во атарот на с. Богомила, во близина на железничката пруга Велес-Битола е проширен во правец кон патот за с.Стровија и врвот Орешка чука. Гори претежно дабова  шума. Во гасењето на пожарот се вклучени:ШС Бабуна Велес, а се очекува дејствување и на авионите на ДЗС.

 

Југоисточен плански регион

Од утринските часови на теренот за контролирање на пожарот кој беше локализиран на в.м. Погана – Самовилец во атар на с.Грчиште се ТППЕ Валандово и вработени од ШС Валандово.

 

Североисточен плански регион

Екипа на ТППЕ Крива Паланка од утрово интервенираше во с.Габар на запалена сува трева и мешовита шума.