Југозападен плански регион

Пожарот во атарот на с.Преглово – општина Пласница е ставен под контрола и нема опасност од негово проширување. На две – три места има појава на слаб чад, но без некаква опасност за повторно активирање. Во гаснењето на пожарот учествувале екипи на ШС „Сандански“ – Македонски Брод и ДЗС.

Во општина Кичево, пожарот во атарот на с.Букојчани е активен, а со истиот зафатена е сува трева, смрека и нискостеблеста вегетација. Во гасењето на пожарот учествуваа лица од ШС „Лопушник“ – Кичево, а во попладневните часови интервенираа и два авиона на ДЗС.

 

Пелагониски плански регион

Пожарот кај с.Дабница е проширен на повеќе места, а поради неповолниот ветар пожарот навлегол во борова шума кај м.в.Сивец. Интервенираа екипи на ТППЕ Прилеп, ШС „Црн бор“ – Прилеп, ЈП Водовод, ЈП Комуналец, Мермерен комбинат – Прилеп и месно население, а интервенирале и авионите на ДЗС.

Во општина Крушево, од утрово повторно е активен пожарот кај селата Алданци и Норово. За гаснење на овој пожар беа ангажирани пожарникари од ТППЕ Крушево и лица од ШС „Липа“ – Крушево.

Ви попладневните часови пријавен е нов пожар помеѓу селата Милошево и с.Пресил, а на истиот интервенираат екипи на ТППЕ Крушево и ШС „Липа“ – Крушево.

 

Источен плански регион

Пожарот во близина на Македонска Каменица, во правец на с.Цера, е локализиран. На терен поради контрола останале ТППЕ Македонска Каменица и вработени во ШС.

 

Тетовско-полошки регион

Во попладневните часови избувнал пожар над с.Рибница, м.в.Попова ливада со кој е зафатена сува папрат и ниска букова шума. Интервенираат  лица од Национален парк „Маврово“, како и авион на ДЗС.

 

 

Југозападен плански регион

Во гасењето на пожарот во атарот на с.Букојчани, каде е зафатена е сува трева, смрека и нискостеблеста вегетација. учествуваат лица од ШС „Лопушник“ – Кичево.

 

Северен плански регион

Пожарот над с.Црн Врв, од утрово повторно е активен. Теренот е непристапен, а може да се интервенира само од воздух. За ова е и градоначалникот на општина Студеничани.

 

Пелагониски плански регион

Во општина Крушево, од утрово повторно е активен пожарот кај селата Алданци и Норово. За гаснење на овој пожар ангажирани се екипи од ТППЕ Крушево и ШС „Липа“ – Круешво.

 

Тетовско-полошки плански регион

Пожарот кај с.Врановце е локализиран и дека е целосно заобиколен и во моментов се гасат некои места кои се уште тлеат. На терен има вработени од ШС „Шар“ – Гостивар и луѓе од месното население.

 

Од Град Скопје  известуваат дека четвртиот наврат на терестичната дезинсекција во 2017 година, на подрачјето на Град Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива во деновите од 28.08.2017 год. до 02.09.2017 год. (од понеделник до сабота), во период од 23:00 до 04:00 часот наредниот ден.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на терестичната дезинсекција, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Информација за пожари на територијата на Македонија до 08:00 ч. (26.08.2016 г.)

 

Пелагониски плански регион

Пожар од с.Дабница, општина Прилеп во текот на вчерашниот ден е проширен на повеќе места. Зафатена е сува трева смрека и леска. Се работи за непристапен камењар, но постои можност да истиот се прошири и во поквалитетна ниско стеблеста шума. Се интервенира од страна на ЈП МШ ПШС „Црн Бор„ -Прилеп

Пожарот во с.Дабница – Горно село - Небрегово е на непристапен терен. ТППЕ Прилеп, врши проценка за негово гасење.

Во вечерните часови одржан е состанок на Општински Штаб за кризи Прилеп. Донесени се следните заклучоци: Во утринските часови на пожарот кај с.Дабница ќе дејствуваат екипи од: ТППЕ-Прилеп, МШ-Црн Бор, Водовод, Комуналец, Мермерен комбинат, Загрозена е борова шума во ШСЕ-Дервен Никодин.

 

Тетовско-полошки плански регион

Во текот на вчерашниот ден во утринските часови започнат е шумски пожар во с.Врањовце, општина Гостивар. Со пожарот е зафатена букова шума. Интервенирале една екипа од ШС од Гостивар. Пожарот се проширува, а за состојбата известени се сите надлежни институции.

 

Југозападен плански регион

Во атарот на с.Преглeво (опш.Пласница) има активно жариште и пожарот се шири на кај планина Стрмол. Гори нискостеблеста шума. Во текот на вчерашниот ден интервенираа од ТППЕ-Мак.Брод и ЈП„Мак.Шуми - М.Брод.

Во шумскиот пожар во атар на с.Букојчани, општина Кичево гори сува трева, смрека и нискостеблеста шума. Во гасењето на пожарот учествуваа  лица од ШС Лопушник-Кичево.

 

Источен плански регион

Пожарот што избувна во вечерните часови на ден 24.08.2017 година на м.в. Пражино во атарот на с.Негрево-Пехчево, е локализиран. Во гаснење учествувале екипи од ШС,,Равна Река”-Пехчево и ТППЕ-Берово. Опожарено се борова и дабова шума, смрека и пасишта. На терен е останата екипа и вработени од ШС,,Равна Река”-Пехчево.