Информација за пожарите во Р.Македонија и состојба до 11:00 ч. (25.08.2017)

 

Источен плански регион

Пожарот што избувна во вечерните часови на ден 24.08.2017 година на м.в. Пражино во атарот на с.Негрево-Пехчево, од утринава повторно е активен. Во моментот на терен е екипа од ШС,,Равна Река”-Пехчево. Гори сува трева, смрека и гранично дабова шума.

 

Пелагониски плански регион

Шумскиот пожар од с. Дабница, општина Прилеп сеуште е активен и проширен на повеќе места. Зафатена е сува трева смрека и леска. Се работи за непристапен камењар. Од страна на ЈП МШ ПШС „Црн Бор„ - Прилеп се припрема екипа за гаснење на пожарот.

Пожарот во с. Дабница – Горно село - Небрегово е активен. ТППЕ Прилеп, врши проценка за гасење на истиот, поради непристапност на теренот.

Пожарот што започна во текот на вчерашниот ден во попладневните часови на м.в. ,,Смилевски трла,, над с.Алданци, општина Крушево при што  гореше нискостеблеста дабова шума, борова шума и стрништа,  беше  изгаснат  истиот ден во вечерните часови. Во утринските часови на ден 25.08.2017 година забележан е чад од исчадување на подсекалци. Екипа на ПШС,,Липа,, е на терен од 08,00 часот и ја следи состојбата.

 

Тетовско-полошки плански регион

Утрово е започнат шумски пожар во с.Врањовце, општина Гостивар. Пожарот е активен на 5-6 места на растојание од 1,30 км. Со пожарот е зафатена букова шума. Во моментот интервенира една екипа од ШС од Гостивар. Пожарот е активен и се проширува. За состојбата известени се сите надлежни институции.

 

Југозападен плански регион

Пожарите во атарот на селата: Девич, Грешница и Слатина, општина Македонски Брод  се под контрола. Во мометот во гаснењето на пожарите интервенираат: ЈП Македонски Шуми Мак.Брод (пожар на атар на с.Волче м.в МРАМОР); ЈП Македонски Шуми (а пожарите на атар на с.Грешница м.в ПОПЕЦ и атар на с.Слатина м.в СИНКОЕЦ).

Пожар во атар на с.Букојчани, општина Кичево е сеуште активен. Гори сува трева, смрека и нискостеблеста вегетација. Во гасењето на пожарот учествува екипа од ШС Лопушник-Кичево.

Шумскиот пожар која беше активен во с.Елевци, општина Дебар е локализран.

 

Северен плански регион

Според првичните информации добиени во 11,00 часот, започнат е шумски пожар над  с.Црн Врв и истиот се движи во правец кон Салаковски езера. Истиот се простира на непристапен терен. За состојбата со пожарот известени се сите надлежни институции за превземање мерки во нивна надлежност.

Состојба со пожарите на територија на Македонија до 8:00 ч. (25.08.2017)

 

Југозападен плански регион

Во текот на вчерашниот ден во атарот на селата Девич, Грешница и Слатина повторно е појавен пожар. Пожарот е активен и гори деградирана шума и сува трева. Интервенираа екипи на ШС и ТППЕ – Македонски Брод.

Активен пожар има и во атарот на с.Волче. Од утринските часови за гасење на пожарот на терен се наоѓа екипа од ШС.

Во атарот на с.Букојчани има активен пожар. Гори сува трева, смрека и нискостеблеста вегетација на тешко достапен терен. Интервенираат вработени во ШС „Лопушник“ – Кичево.

Во атарот на с.Елевци има активен пожар. Гори мешана шума (смрека, леска, габер, костен). Во текот на вчерашниот ден интервенираа екипи од ТППЕ – Дебар, ШС Дебар и лица од месното население.

 

Пелагонсикски плански регион

Пожарот во с.Дабница према с.Небрегово е активен, но е под контрола. Во текот на вчерашниот ден во гаснење на пожарот кој се движел према месноста Кукол биле ангажирани екипи од МШ „Црн Бор“ – Прилеп и ТППЕ – Прилеп. Со интервенцијата ќе се продолжи и во текот на денешниот ден.

Во текот на вчерашниот ден во попладневните часови беше пријавен пожар во атарот на с.Моштица.  Пожарот зафатил површина на сува трева и дабова и борова шума.  Во гасењето на пожарот учествувале екипи на ТППЕ – Македонска Каменица, ЈП МШ ШС Голак – Делчево, Шумска полиција  и шумски работници од Делчево, ТППЕ – Делчево, вработени од ЈП Камена река и лица од месното население. Заради контрола на пожарот преку ноќта останати беа  вработени од ШС Голак -Делчево. Пожарот е локалииран во вечерните часови, а денес екипа од TППЕ- Мак. Каменица и ШС Голак се упати на местото на пожарот заобиколка на теренот зафатен од пожар.

По повод одбележувањето на Денот на Армијата на Македонија – 18 Август, вечерва во рамките на протоколарните активности, ќе биде организиран огномет на Воениот стадион – Градски парк во Скопје