На 22.04.2018 година, во 16:17 часот добиено е известување дека високо над с.Вешала-Општина Тетово на локација која е во близина на границата со Косово активен е пожар на отворен простор. Зафатена е сува трева и пасишта и засега нема опасност од проширување на огнот кон шумата. Локацијата е на непристапен терен и нема можност за интервенција. Состојбата се следи.

Од АРМ известуваат дека на ден 21.3.2018 година, од 10:00 до 18:00 часот, на стрелиштето Леково ќе се изведува боево гаѓање. Во горенаведниот термин, реонот на стрелиштето ќе биде забранета зона.

Во текот на вчерашниот ден, во 12:00 часот добиена е дојава за активен пожар над с.Три Чешми (опш.Штип) кој се протега по ридот према с.Криви Дол. Опожарена е борова шума, а дел од теренот е доста непристапен. На лице место беа екипи на ТППЕ Штип, ШС „Серта“ – Штип и дел од локалното население. Побарано е ангажирање на хеликоптери.

Вработените од РЦУК Кичево под мотото „За да се гордееме пред нашите граѓани за чист двор“ спроведоа акција за чистење на дворното место околу зградата каде е сместен РЦУК Кичево. 

Оваа еколошка акција се спроведува во рамките на активностите за одбележување на 12 години од формирањето на ЦУК. Активноста се спроведува постојано во измимнатите години по неклку пати во годината. Планирано да е да се продолжи со чистење и во наредниот период во поширокото опкружување на дворното место, се до делот околу зградата на поранешната команда. Апелираме во оваа акција да се вклучат сите институции кои работат во истата зграда, но и сите други граѓани од Кичево кои имаат повисока свест за заштита и зачувување на животната средина. Вредно е да се напомене дека ова место е единственото место во центарот на градот Кичево каде има парк и поголема површина под зеленило.