Од АРМ известуваат дека денес во време од 18:00 до 18:30 часот, ќе извршат почесна артилериска стрелба со истрел од 10 плотуни од 6 артилериски орудија. Артилериската стрелба ќе се изврши во касарната Илинден.

РЦУК – Штип, известува дека ноќта помеѓу 6 и 7 септември, Екипи на Фирмата Зотокс-Скопје ќе ја спроведат првата фаза од теристичката дезинсекција со цел уништување на комарците. Третирањето ќе се врши со соодветна апартура поставена на специјално возило. Ќе биде опфатена територијата на општина Берово.

Од ЦЈЗ - Битола известуваат дека на ден 05.09 и 06.09.2017 година од страна на нивните екипи ќе се спроведе Третата фаза за уништување на комарци.

Од Град Скопје – Сектор за комунални работи, наведуваат дека четвртиот наврат на терестичната дезинсекција во 2017 година, на подрачјето на Град Скопје што требаше да започне на 28.08.2017 година, заради неповолни временски услови беше одложена неколку дена и истата ќе продолжи  до 06.09.2017 година.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на терестичната дезинсекција, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.