Состојба со корона вирусот за ден 25.06.2020 година:
- Број на потврдени случаи – 5595;
- Број на нови случаи во последното деноноќие –153;
- Денови од последно пријавување на потврден случај – 0;
- Број на излечени лица од COVID–19 – 2166;
- Број на смртни случаи од COVID–19 – 265;
- Линк на ЦУК за следење на состојбата со COVID– 19 преку апликацијата NICS – nicspublic.cuk.gov.mk;
- Список на земји со состојбите од COVID– 19 може да се провери на следниот линк zdravstvo.gov.mk.

Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје,против ларви од  комарци, ќе се одвива на 26.06.2020 (петок) во раните утрински часови.
Ако временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин. Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Од ЈЗУ Центар за јавно здравје- Тетово известуваат дека на ден 19.06.2020г. утврдено е неисправност на вода за пиење во следните населени места: с. Туденце- фонтана кај школо, с. Блаце- чешма од водовод сред село,с. Горни Челопек- чешма Три чешми, с. Стенче- приватна куќа и јавна чешма Бутур, с. Волковија-црква.
Од ЈЗУ Институт на јавно здравје Велес известуваат дека водата за пиење- Вода од резервоар за чиста вода во с. Кумарино- Велес од 20.06.2020г како и вода за пиење- Вода од бушен бунар Б-3- Радовиш од 14.06.2020г, НЕ ОДГОВАРААТ на законските и стручни прописи во однос на физичко- хемиската анализа.
Состојба со корона вирусот за ден 24.06.2020 година:
- Број на потврдени случаи – 5445;
- Број на нови случаи во последното деноноќие –136;
- Денови од последно пријавување на потврден случај – 0;
- Број на излечени лица од COVID–19 – 2091;
- Број на смртни случаи од COVID–19 – 259;
- Линк на ЦУК за следење на состојбата со COVID– 19 преку апликацијата NICS – nicspublic.cuk.gov.mk;
- Список на земји со состојбите од COVID– 19 може да се провери на следниот линк zdravstvo.gov.mk.