Телеметриската сеизмолошка мрежа во земјата, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје на ден 28.01.2020 година, во 21:15 часот, регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа во соседна Република Албанија, во епицентралното подрачје Драч, 170 km југозападно од Скопје.

Според досегашните податоци, Рихтеровата локална магнитуда изнесува ML=5 степени, а почувствуван е во западните делови на Македонија, особено од населението во Дебар и околината со интензитет од III до IV степени, според Европската макросеизмичка скала.

Согласно податоците од ДАМСКВ на ден 27.01.2019 година, среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 175 mg/m3, и епизодата од два последователни дена е прекината во Тетово.

Согласно со Законот за квалитет на амбиентниот воздух, Градот Скопје објави итни мерки и препораки за намалување на загадувањето на воздухот, кои стапиа во сила од 18:00 часот на ден 27.01.2020 година.

Овие мерки се преземаат по добиеното известување од Министерството за животна средина дека квалитетот на воздухот последователно два дена е надминат над законски пропишаниот минимум, односно над 175 μg/m3 на мерните станици во Карпош и во Лисиче.

Во сила стапуваат следните мерки и препораки:

- Град Скопје од  27 јануари 2020 година од 18:00 часот воведува бесплатен јавен превоз во автобусите на ЈСП и во автобусите на приватните превозници, се до моментот на намалување на загадувањето, за што јавноста дополнително ќе биде известена.

- Град Скопје ги прекинува сите градежни активности на градилиштата под своја надлежност. Ги повикувам сите градоначалници од општините во град Скопје, да ги прекинат градежните активности на градилиштата во нивна надлежност.

Цената на паркирањето на паркиралиштата на Градски паркинг од овој момент двојно се зголемува и тоа важи се до укинувањето на итните мерки.

Од Сеизмолошка опсерваторија известуваат дека телеметриската сеизмолошка мрежа на Р.С. Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 08:00 часот и во 08:15 часот на ден 08.01.2020 година, регистрирале земјотреси, чиј епицентри се наоѓаат 77 km југоисточно од Скопје.

Според досегашните податоци нивните Рихтерови магнитуди изнесувале 3.1 на првиот и 2.7 на вториот земјотрес. Биле почувствувани од населението во Штип и околината со интензитет од III степени, според Европската макросеизмичка скала.