Во последното деноноќие имаше неколку земјотреси во охридско – преспанскиот регион. Истите беа со помал интензитет. Регионалниот Центар за Управување со Кризи -ОХРИД известува дека во текот на викендов преставници од РЦУК Охрид и  Општинскиот штаб за заштита и спасување посетија повеќе семејства во стариот дел на градот во урбаната заедница „Варош“. На средбите беа давани препораки за постапување на граѓаните како и начинот на кој треба да ги пријавуваат евентуално настанатите штети.