Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, на ден 10.07.2017 година регистрира повеќе земјотреси чии епицентри потекнуваат од охридското епицентрално подрачје. Дел од нив беа почувствувани во Охрид и околината.

  • Во 02:12 часот со Рихтерова магнитуда  2.8 и интензитет III-IV степени според Европската Макросеизмичка Скала;
  • Во 04:16 часот со Рихтерова магнитуда  2.7 и интензитет III-IV степени според Европската Макросеизмичка Скала;
  • Во 04:37 часот со Рихтерова магнитуда  3.3 и интензитет V степени според Европската Макросеизмичка Скала;
  • Во 04:39 часот со Рихтерова магнитуда  3.3 и интензитет V степени според Европската Макросеизмичка Скала;