Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, на ден 12.7.2017 година, регистрираа земјотрес чии епицентар потекнува од охридското епицентрално подрачје.  Земјотресот се случи во 22 часот и 02 минута со Рихтерова магнитуда  3.0 и интензитет III-IV степени според Европската Макросеизмичка Скала. Беше почувствуван од граѓаните на Охрид и околината.

РЦУК – Ресен, известува дека во ПО РЦУК Ресен во периодот од 05.07 до 11.07.2017 година се добиени вкупно 11 пријави од граѓани за оштетени објекти и други штети од почувствуваниот земјотрес на подрачјето на опш.Ресен.