Печати

Скопски регион

Од 01:00 часот над тунелот во Катланово, гори шума. Во гаснењето на пожарот учествуваат екипи на БППЗ на Град Скопје (опш.Петровец).

 

Струмички регион

Шумскиот пожар над с. Водоча место викано „Крсто„ е локализиран во 14:00 часот, во текот на вчерашниот ден. Во гаснењето на пожарот учествувале екипи од ТППЕ – Струмица, ШС Беласица, ЈПКД Комуналец, СВР Струмица, ДЗС Струмица и 1 екипа во приправност од итна медицинска помош. Од страна на ТППЕ Струмица со 8 пожарникари и 2 џипа на секои 2 часа се врши контрола на теренот.

 

Тетовски регион

Пожарот во атарот на с.Јажинце, кој е запален пред 4 дена, е сеуште активен. Зафатена е сува трева, грмушки и нискостеблеста шума. Известени се сите субјекти. Локацијата е на 3-4 километри од с.Јажинце во правец према караулата Кајчиновец.

 

Штипски регион

Запалена е сува трева и нискостеблеста шума во атарот на с.Бизиково. Вработени од ШС Кочани во текот на вчерашниот ден излегоа на терен но поради непристапноста и непрегледноста на теренот сaмо го следат пожарот. Известени се ДЗС Кочани и ТППЕ Кочани од каде е добиена информација дека ќе интервенират во текот на денешниот ден кога ќе се створат услови за тоа. Екипи на ШС „Пониква“ Кочани се излезени на терен.

Посети: 1166