Синоќа, пред полноќ дојде до истекување на плин на бензинската пумпа Окта во населба Шуто Оризари, која предизвика истекување на Пропан бутан во гасовита и во течна состојба. Од страна на службите на МВР веднаш беше затворена за сообраќај улицата Втора Македонска Бригада кон Шуто Оризари, а три часа потоа на лице место е дојдено лицето од фирмата за одржување на овие системи кој го затворил вентилот. По направениот увид од страна на експерти од „Окта“, констатирано е дека нема големи концентрации од плин во воздухот, сигурносниот вентил бил исправен и затворен, по што полицијата го деблокирала патот и сообраќајот се одвива нормално.