Во текот на вчерашниот ден,  во период од 16:00 до 17:00 часот, невреме проследено со обилни  врнежи на дожд, град и силен ветер ја зафати општина Лозово, односно во селата: Лозово, Серимзалино, Каратманово и Дурфулија. Градот со големина на орев направил штета на посевите, на неколку покриви од куќи во Сарамзалино, а поплавени се повеќе подрумски простории во с. Каратманово. На лице место бил градоначалникот на општината со екипа за санација и расчистување. Формирани биле екипи за процени кои во текот на наредните денови ќе вршат процена на штетите.