Скопски регион

Во текот на вчерашниот ден во попладневните часови како последица на врнежи примени се дојави за задржување на поголема количина на вода на крстосницата на улиците Марк Твен и Ацо Шопов, како и за заезерување на водата на патот од пругата кон с.Волково (кај „Шкорпиот“ и месарата „Мега“). Од страна РЦУК Скопје веднаш се известени надлежните служби.

 

Битолски регион  

Околу 18:00 часот, подрачјето на општина Ресен било погодено од силни врнежи од дожд и град со кои во поголема мера биле погодени селата Горно Дупени, Евла и Болно и атарот на м.в.Ресенски Лозја. Врнежите траеле 15тина минути, а градот бил со големина на лешник, при што е предизвикана голема штета на овошните насади.

 

Велешки регион

Од невремето кое на ден 13.06.2018 година ги зафати подрачјата на општините Свети Николе и Лозово, нанесени се значителни штети на земјоделските култури. На подрачјето на општина Свети Николе се врши увид и процена на настанатите штети. На подрачјето на општина Лозово, покрај штетите на земјоделските насади, поплавени се куќи и оштетени се покриви на куќи. Во с.Сарамзалино паднати се електрични столбови и скинати се жици од системот за електро снабдување. Во атарот на с.Лозово дојде до излевање на отворениот канал од хидросистемот Брегалница, при што направени се дополнителни штети на земјоделските површини и објектите.

 

Штипски регион

По невремето кое го зафати ова подрачје, на ден 13.06.2018 година,  од 19:00 до 21:30 часот, ТППЕ Кочани интервенирале на отстранување на четири тополи во с.Уларци. Во Кочани, на ден 14.06.2018 година, интервенирале за црпење на поплавени простории од обилни врнежи и тоа: Од дуќани во Трговскиот центар; Од подрумски простории на поранешната фабрика за хартија и Од подрум на семејна куќа на ул.Иван Иванов..