Печати

 

Скопски регион

Во текот на вчерачниот ден, поради силниот ветар и обилните врнежи од дожд кои го зафатија градот Скопје имало дојави за паднати дрва на различни локации, за што веднаш се информирани во ЈП Паркови и зеленило – Скопје. Исто така, по дојавата дека на ул.Карл Либнех, помеѓу зградите со броеви 3 и 4 има паднато греди и дел од лимен кров, веднаш биле известена опш.Гази Баба за понатамошно постапување.

 

Битолски регион

Како последица на поројниот дожд кој го зафатил градот Прилеп (околу 30 л/м2) во периодот од 12:30 до 13:00 часот, заради неможноста канализационата мрежа да ги прими врнежите дошло до поплавување на улиците Димо Наредникот, Бидимаш, бул.Гоце Делчев во централниот дел од градот при што било отежнато одвивање на сообраќајот. По престанување на врнежите состојбата се нормализирала. Екипите од Јавните комунални претпријатија интервенирале на одзатнување на шахтите и расчистување на нанесената кал по градските улици. Забележана е и појава на слаб град но засега нема информации дали има штети на земјоделските површини во околината на Прилеп. Пријавени се поплавени подрумски и приземни простории во нас.Тризла како и од куќа на ул.Цане Коњарец. Интервенирале од ТППЕ Прилеп.Пријавен е и удар на гром во куќа на ул.Поп Спасе Игумен. Причинета е материјална штета но не бил предизвикан пожар. Прекин на снабдувањето со електрична енергија заради   дефект имало во централното градско подрачје во нас.Дебој, нас.11 Октомври и реонот кај Прилепската касарна, во времето од 14.00 до 16.00 часот. Екипите на ЕВН го отстраниле дефектот.

Посети: 1084