Од ЦЈЗ Битола известуваат дека бактериолошки неисправни се водите од следните селски водоводи: Национален парк Пелистер (Чешма Дрво, Камена Чешма – Голема Ливада, Покриена Чешма – Голема Ливада, Чешма – Мала Ливада и Чешма Инфоцентар). Истоа така, како што пренесува РЦУК Охрид, од ЦЈЗ Битола известуваат дека бактериолошко загадување има на следните води од населените места: Колибари (селски водовод), Зајас (селски водовод), Кнежино (селски водовод), Кнежино (чешма манастир св. Ѓорѓија), Видрани (селска чешма), Крушино (крајпатна чешма) и Кичево (јавна чешма Бела кула).