Од БППЗ на Град Скопје известуваат дека во текот на вчерачниот ден во 08:30 часот започнал пожар на отворен простор помеѓу селата Буковиќ, Ласкарци и Раовиќ. Со пожарот била зафатена ниска деградирана и мешана шума. За гаснење на пожарот во текот на денот интервенирале 3 ПП возила со 10 пожарникари како и едно возило со 4 вработени од Македонски Шуми и (ШС Караџица). Пожарот целосно е изгаснат во 23:30 часот.