Скопски регион

Има активен пожар над населбата Пинтија со кој е зафатена сува трева и ниска деградирана  шума. Во текот на вчерашниот ден интервинирале екипи на БППЗ на Град Скопје. Поради непристапноста на теренот, и големиот фронт на пожарот гаснењето е отежнато.. Од БППЗ утрово известуваат дека пожарот е ставен под контрола. Цела вечер е вршено контрола над истиот меѓутоа сеуште не е угаснат. Со гаснење на пожарот ќе се продолжи во текот на денешниот ден.

 

Струмички регион

Од ТППЕ Радовиш известуваат дека има активен пожар под планина Готен, кај с. Покрајчево, каде е опожарена нискостеблеста дабова шума, Пожарот е сеуште активен и во утринските часови екипите се упатени на терен во гаснењето на пожарот. Се  интервенира со 10 пожарникари, 10 вработени од ШС Шик Јелак и 4 теренски возила.