Битолсло регион

Во Прилепско моментално се активни 4 пожари:

  • Во атарот на село Зрзе кај манастирот (општ.Долнени), гори трева и нискостеблеста шума, на терен има вкупно 42 лица (9 пожарникари со 2 ПП возила, 11 лица од Тутунски Комбинат – Прилеп, 22 лица од ЈП Водовод и ЈП Комуналец).
  • Во атарот на село Лопатица, гори трева и нискостеблести растениа и ретка шума интервенираат 9 лица (4пожарникари и 5 ЈП Комуналец и Водовод - Прилеп).
  • Во атарот на селата Никодин и Топлица, (шумски пожар) каде интервенираат 10 лица (1 пожарникар, 4 вработени во ЈП Комуналец – Прилеп и 5 лица од ЈП Македонски Шуми)
  • Во атарот на село Бонче,  гори трева и нискостеблеста шума, екипата од ТППЕ Прилеп заедно со вработени од Јавните претпријатија од Прилеп  ќе се испрати на терен во наредниот час.

Од ТППЕ – Битола известуваат дека во моментов нема активни пожари и немало пријави за пожари на отворен простор. Пожарите во атар на Црничани, како и Путурус, Мојно и Мусинци биле локализирани вчера вечерта. На терен нема екипи.