Битолски регион

Пожарот во атарот на с. Зрзе кај манастирот (општ.Долнени) е сеуште активен. Гори сува трева и нискостеблеста шума. Во текот на вчерашниот ден на терен интервенираа вкупно 42 лица (9 пожарникари со 2 ПП возила, 11 лица од Тутунски Комбинат – Прилеп и 22 лица од ЈП Водовод и ЈП Комуналец).

Во атарот на с.Лопатица, гори трева и нискостеблести растениjа и шума. Интервенираа 9 лица (4 пожарникари и 5 вработени од ЈП Комуналец и Водовод – Прилеп).

Шумскиот пожар во атарот на селата Никодин и Топлица е локализиран. Интервенирале 10 лица (1 пожарникар, 4 вработени во ЈП Комуналец – Прилеп и 5 вработени од ЈП Македонски Шуми).

Шумскиот пожар во атарот на с.Бонче е локализиран околу 18:10 часот. Горела сува трева и нискостеблеста шума. Интервенирале 10 лица  (ТППЕ Прилеп заедно со вработени од Јавните претпријатија од Прилеп). 

 

Охридски регион

ТППЕ Македонски Брод известува дека има шумски пожар во атарот на с. Крапа  м.в Дрпец и м.в Змејоца Во гаснење на пожарот со кој е зафатена сува трева и шума учествуваа 12 лица од ШС Сандански со 5 ПП возила, ТППЕ Мак.Брод со 1 ПП возила  и 5 пожарникари. Исто така во текот на вчерсашниот ден учестувале и авионите од ДЗС во гаснење на пожарот со 2 канадери кои направиле по 3 налети. Пожарот е сеуште активен. Со гаснењето на пожарот ќе се продолжи во текот на денешниот ден.

Пожарот во атарот на с. Цер м.в Турла е локализиран но сеуште не е изгаснат. Во вчерашниот ден во гаснење на пожарот учествуваа 10 вработени од ШС Лопушник.