Од Сеизмолошка опсерваторија добиено е известување во кое се наведува следното: Телеметриската сеизмолошка мрежа на Р.С.Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, на ден 20.10.2019 година, во 23:15 часот регистрирале земјотрес, чиј епицентар се наоѓа 115 km југозападно од Скопје во соседна Албанија.

Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 3.1, а беше почувствуван од населението во западните делови на нашата земја со интензитет од III степени, според Европската макросеизмичка скала.