Во извештајот добиен од Македонија Пат и АМСМ во 06:00 часот на ден 14.12.2019 година се наведува дека Сообраќајот на  државните патишта се одвива по влажни коловози на повисоките и наместа влажни коловози на пониските места. Снег врне на П.Шапка, Стража, Пресека и во Маврово. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

На неколку места низ државата се изведуваат градежни работи на пат, каде е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.