Печати

Од ЦЈЗ Прилеп известуваат дека водата за пиење во реон под хотел Монтана и реон кај Црешово Топче во Крушево е бактериолошки неисправна. Според информација од ЈП „Комуна“ извршено е хлорирање и повторно се земени примероци на испитување и се очекуваат нови резултати. Исто така, од ЦЈЗ Прилеп известуваат дека водата за пиење во с.Сланско е со зголемена матнотија, водата во с.Пласница е со зголемени органски материи и бактериолошки неисправна, додека во с.Преглово - училиште има зголемена матнотија, зголемени органски материи и е бактериолошки неисправна.

Посети: 147