Од ЈЗУ Институт за јавно здравје известуваат дека следните примероци на вода за пиење не одговараат на законските и стручни прописи во однос на бактериолошката и физичко – хемиската анализа заради:

- Вода за пиење – каптиран извор – чешма на крај на с.Чојлија – опш.Петровец заради намален PH вредност на водата.

- Вода за пиење – каптиран извор – селска чешма во с.Градманци – опш.Петровец заради наод на Esherichia Coli.

- Вода за пиење – каптиран извор – нервна вода – Катлановска Бања – опш.Петровец заради  намален PH вредност на водата и зголемена електроспроводливост.

- Вода за пиење – водоводна мрежа – чешма во црква Свети Недела – Катлановска Бања – опш.Петровец заради зголемен  најверојатен број колиформни бактерии.

- Вода за пиење – каптиран извор – чешма пред пензионерски дом – Катлановска Бања – опш.Петровец заради  намален PH вредност на водата и зголемено железо во водата.

- Вода за пиење – каптиран извор – селска чешма с.Бадар – опш.Петровец заради зголемен  најверојатен број колиформни бактерии.

-Вода за пиење – бушен бунар – чешма во двор, Катланово – опш.Петровец заради зголемен  најверојатен број колиформни бактерии и зголемено железо во водата.

- Вода за пиење – каптиран извор – чешма Фонтана – Катлановска Бања – опш.Петровец заради  намален PH вредност на водата и зголемен амонијак во водата.

- Вода за пиење – каптиран извор – очна вода – Катлановска Бања – опш.Петровец) заради  намален PH вредност на водата и зголемен амонијак во водата.

- Вода за пиење – каптиран извор – горна чешма до манастир Света Петка Брезица – општина Петровец  заради   зголемен  најверојатен број колиформни бактерии.

- Вода за пиење – каптиран извор – јавна чешма десна страна пред с.Блаце – опш.Петровец заради зголемен  најверојатен број колиформни бактерии.

- Вода за пиење – каптиран извор – чешма до гробишта во с.Блаце – опш.Петровец заради зголемен најверојатен број колиформни бактерии и зголемени нитрити и амонијак во водата.

- Вода за пиење – каптиран извор – селска чешма – Горно Кожле – опш.Петровец заради зголемени нитрати и амонијак во водата.

- Вода за пиење –каптиран извор – јавна чешма долна сред с.Кожле – опш.Петровец заради  зголемени нитрати.