Како последица од невремето проследено со силен ветер кое го зафатило скопскиот регион од страна на граѓаните на какрактеристичниот број 195 биле пријавени: паднато дрво на коловозот во с.Батинци (опш.Студечани), паднат кров на коловозот на бул.Партизански Одреди во близина на слаткарница Палма (опш.Карпош), паднати лимови од кров во паркчето на ул.Христо Татарчев спроти аптеката Зегин после сервисот Мечкаров (опш.Кисела Вода), паднато дрво на кров на ул.Бањаличка бр.16 во нас.Тафталиџе (опш.Карпош), паднат кров од зграда бр.1 на ул.Шекспирова спроти хотел Карпош (опш.Карпош), паднати дрвја врз коли на бул.8ми Септември бр.12 (опш.Карпош), паднат кров на коли на ул.Ѓорѓи Сугаре бр.4, а дел од кровот виси преку зграда (опш.Кисела Вода), паднато дрво преку двор во куќа на ул.Партение Зоографски бр.28 (опш.Центар), повеќе пријави за спојување на жици од електрична енергија како резилтат на силниот ветар на повеќе локации во градот, падната бандера од ЕВН на куќа на ул.Радушка бр.28 (опш.Ѓорче Петров), паднати делови од кровови на ул.Ѓорче Петров (опш.Ѓорче Петров), паднато дрво врз куќа на ул.Воин Драшковиќ бр.32 (опш.Ѓорче Петров), паднато-потпрено дрво врз зграда на ул.Бриселска 7ма руска зграда (опш.Карпош), паднато дрво кај амбулантата во Автокоманда (опш.Гази Баба), паднато дрво преку возило на ул.Стокхолмска бр.9 во нас.Таталиџе (опш.Карпош), паднато дрво преку тротоар на ул.Пролет бр.29 и паднати гранки преку коли на ул.Архиепископ Доситеј бр.39 (опш.Чаир).