Скопски регион

Како последица од невремето проследено со силен ветер кое го зафатил скопскиот регион вечертта на 26-ти февруари 2020 година, на какрактеристичниот број 195 во текот на вчерашниот од страна на граѓаните пристигнале следните дојави:

На ден 27.02.2020 година, во 07:20 часот паднато дрво во близина на Романска амбасада, на раскрсницата улиците Борка Талески и Рајко Жинзифов (опш.Центар); На ул.Дебарца бр.58-а, врз семејна куќа има навалено големо дрво (опш.Центар); На ул.Пролет (кај Феријален Дом спроти згр. бр.10, има паднато дрво (опш.Центар);  Наспроти Холидеј Ин (кај продавачите на стари книги), падната гранка на електрична инсталација (опш.Центар); На ул.Борис Сарафов кон ул.Арсеније Јовков, падната дрво врз електрична инсталација (опш.Ѓорче Петров); Паднато дрво во Парк на ул.Бриселска бр.7а во нас.Тафталиџе 2 кај руските згради (опш.Карпош); Паднато дрво на ул.Женевска (последна автобуска линија 24 во нас.Тафталиџе (опш.Карпош); Паднато дрво на Бул.Јане Сандански згр.88 во паркот (опш.Аеродром); Паднато дрво на ул.Франц Прешерн бр.70 врз куќа (опш.Карпош). За сите пријави  известени се ЈП „Паркови и Зеленило“ Скопје.

 

Битоласки регион

Како последица од невремето проследено со силен ветер кое го зафатило Битолскиот регион од страна на граѓаните на какрактеристичниот број 195 добиени се пријави за откачен дел од лимен кров од помала зграда лоцирана помеѓу зградите на „Стрежево“ и „Шехерезада“, кој претставува потенцијална опасност за минувачите. За истото известени се ЕЛС – Битола и ЈКП „Комуналец“ – Битола и за оштетена плевна во нас.Буковски Ливади во Битола.