Телеметриската сеизмолошка мрежа во земјава, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, на 21.03.2020 година во 01 часот и 49 минути, регистрира земјотрес чии епицентар се наоѓа 300 km јужно од Скопје во соседна Република Грција. Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда ML 5.7, а беше почувствуван од населението на нашата Република, особено во југозападните делови со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.