Скопски регион

Во текот на вчерашниот ден, во утринските часови бил пријавен пожар во атарот на с.Осинчани. Со пожарот била зафатена нискостеблеста шума. Интервенирале екипи на БППЗ и ШС Караџица, потоа локално население и припадници на ДЗС. Во попладневните часови авионите на ДЗС извршиле 6-7 прелети со авион со цел извидување на состојбата со пожарот. Поради постоење на ризик да се прошири и во населено место, од страна на БППЗ на град Скопје околу 21:00 часот испратена била екипа која цела вечер биле на посочената локација за истата да ја надгледуваат и по потреба да реагираат. Со интервенцијата ќе се продолжи во текот на денешниот ден.

 

Битолски регион

Во текот на вчерашниот ден околу пладне бил пријавен пожар во атарот на с.Железнец во близина на рибникот. Со пожарот е зафатена дабова нискостеблеста шума, трева и нискостеблести растенија на тешко пристапен стрмен терен. Интервенирале вработени во ЈП „Национални шуми“ од Демир Хисар. Истите се повлечени со настапување на ноќта, а со интервенцијата ќе се продолжи во текот на денешниот ден. Интервенирале и екипа на ТППЕ – Демир Хисар но истите биле повлечени заради интервенција на пожар во атарот на с.Прибилци каде гаселе приземен пожар во борова шума и истиот е изгаснат.