Од ЈЗУ Институт за јавно здравје известуваат дека следните примероци на вода за пиење не одговараат на законските и стручни прописи во однос на бактериолошката и физичко – хемиската анализа:

-Вода за пиење – водоводна мрежа – чешма во ОУ во село Грушино – општина Арачиново.

-Вода за пиење – бушен бунар – чешма во џамија во село Грушино – општина Арачиново.

-Вода за пиење – каптиран извор – чешма пред село Грушино – општина Арачиново

-Вода за пиење – каптиран извор – село Грушино – чешма во двор – Орланци - општина Арачиново.

-Вода за пиење – каптиран извор – чешма на пат за село Мојанци - општина Арачиново.

-Вода за пиење – копан бунар – чешма во двор - село Студеничани  - општина Студеничани.

-Вода за пиење – каптиран извор – јавна чешма сред село Гумалево - општина Зелениково.

-Вода за пиење – каптиран извор – чешма во двор - село Смесница - општина Зелениково.

-Вода за пиење – каптиран извор – јавна чешма – десно од џамија во село Вражале - општина Зелениково.

-Вода за пиење – каптиран извор – јавна чешма – под џамија во село Вражале - општина Зелениково.

-Вода за пиење – каптиран извор – јавна чешма влез во село Градовци - општина Зелениково.

-Вода за пиење – копан бунар – чешма во двор - во село Смесница - општина Зелениково.

 

Од ЦЈЗ Тетово известуваат дека според испитуваните параметри, примероците не одговараат на правилникот за безбедност и квалитет на водата за пиење, во село Непроштено- чешма кај школото, село Џермо- чешма кај Џамијата и јавна чешма – пасишта – општина Теарце.