Терестичната дезинсекција ( втора фаза ) на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци и ларви од комарци, ќе се одвива од 29.06.2020 ( понеделник ) до 03.07.2020 ( петок ), во период од 22.00 до 03.00 часот наредниот ден.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, терестичната дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.

                Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.