Од ТППЕ - Крушево известуваат дека во текот на вчерашниот ден во попладневните часови пријавен е пожар на нискостеблеста деградирана дабова шума, сува трева и стрништа над с.Локвени кој е проширен на ридот кон с.Норово. Во гаснење на пожарот  интервенирале 4 пожарникари со 1 ПП возило цистерна. Утрово интервенираат екипи на ТППЕ  Крушево и ЈП „Липа“ Крушево. Според нивни сознанија пожарот е со намален интензитет..