Од „Силика метал“ известуваат дека во време помеѓу 12:00 и 16:00 часот планирано е минирање во рудникот.

Од Каменоломот Говрлево известуваат дека на ден 03.10.2017 година ќе биде извршено минирање помеѓу 11:00 и 15:00 часот  (опш.Сопиште).

Од фирмата Мактек Дооел известуваат дека на ден 28.09.2017 година, во времето од 11:00 до 16:00 часот, ќе извршат минирање на локалитетот  Маркова Сушица.

Од фирмата Мактек Дооел известуваат дека за потребите на компанијата Гранит АД, во периодот од 27.09 – 30.09.2017 година, во времето од 08:00 до 16:00 часот, ќе извршат минирање на локалитетот МХЕ Тополки 317, општина Чашка – Велес.

Од Рудници Бањани известуваат дека во работните денови во месец септември, од страна на нивните екипи ќе бидат извршени по 2 минирања во периодите од 09:00 – 10:00 часот, како и од 12:00 – 14:00 часот.

Од каменоломот Бразда известуваат дека во месец септември 2017 година, во работните денови, во периодите од 09:00 – 10:00 часот и од 13:00 – 14:00 часот, од страна на нивните екипи ќе бидат извршени минирања.

Од фирмата Мактек Дооел известуваат дека денес, во времето од 11:00 до 14:00 часот, ќе извршат минирање на локалитетот: автопат Градско – Прилеп, делница Фариш – Дреново.

Фирмата „РУДПРОЕКТ“ известува дека, во периодот од 08:00 до 16:00 часот, ќе извршат минирање на локалитетот: Зелениковец – Говрлевска Краста.