Од ДООЕЛ Макдрил известуваат дека на ден 27.12.2019 г. (петок) во периодот од 11:00 до 15:00 часот на каменоломот Говрлево цементарница Усје, од нивна страна ќе се изврши минирање.

Од Рудници Бањани известуваат дека до 30.12.2019 година, во работните денови, во времето помеѓу 12:00 – 14:00 часот, ќе извршат по три минирања.

Од Рудопроект известуваат дека на ден 30.12.2019 (понеделник), и 03.01.2020 (петок) во периодот од 08:00 – 16:00 часот за потребите при изградбата на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка, на стационажа 10+095 до 11+045 ќе се врши минирање.