Печати

Општинскиот кризен штаб презема превентивни мерки за заштита на имотите на граѓаните на Општина Виница.

На иницијатива на градоначалникот на Виница, Ивица Димитров, Општинскиот кризен штаб одржа состанок на кој се разговараше за преземање превентивни мерки за спречување на евентуалните штети предизвикани од најавените обилни врнежи од дожд.

Членовите на Општинскиот кризен штаб разговараа за подигање на готовноста на расположливите ресурси и преземање конкретни мерки за превенирање на штети од поголеми размери:

 - Дирекцијата за заштита и спасување, ЦУК и ТППЕ да ја проверат техничката исправност на расположивите возила и материјално-технички ресурси;

- ЈКП “Солидарност“ со сиот свој расположив капацитет да биде во фаза на подготвеност за брзо и ефикасно делување на терен во случај на поплави;

- Да се направи обиколка на речните корита во Општината, да се согледат ризиците и потребата од евентулно делување и расчистување на истите,

Истовремено, од Општинскиот кризен штаб ги информираат граѓаните сите опасности предизвикани од временските услови, да ги пријават на бесплатниот телефонски број 195, во Центарот за управување со кризи.

Посети: 346