Печати

Од ЕЛС-Радовиш известуваат дека во населените места: с.Воиславци и с.Сулдурци од поројните водотеци оштетени се пристапните патишта до станбените објекти. Во с.Јаргулица има оштетено две улици и излеано вода од речното  корито на Радовишка река во атарот на с.Јаргулица и с.Покрајчево во правец на мостовите од селото кон магистралниот пат: Радовиш-Струмица. Од страна на ЕЛС-Радовиш,  и ЈП„Плаваја“ превземени се мерки за активности за санирање на последиците од поплавата, расчитување на наноси на подрачјето на Општината Радовиш и санирање на оштетени водоводни линии. Во текот на денот ќе биде вклучено и претпријатијето по склучен договор за санирање на штети-последица од невреме.
Од ЕЛС Босилово известуваат дека пробиениот трап на река Струмица во атар на с.Турново е саниран со 2 багера. Излеана е вода на земјоделска површина на околу 250 декари.

 

Посети: 182