Врз основа на проектот „Градење на акциска мрежа за урбана отпорност во Југоисточна Европа“ - SEE URBAN, поддржана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  ПО РКОА РЦУК-Струмица спроведе низа активности во периодот од 16-18.12.2019 година од кои позначајни беа:

На ден 16.12.2019 година учество во симулациона вежба за заштита и спасување од објекти при земјотрес. Вежбата ја изведоа Републичките сили за заштита и спасување од урнатини и спасување од високи објекти на Дирекцијата за заштита и спасување, истата беше проследена и од гостите од тимот за одговор при катастрофи на град Краљево од Република Србија, како дел од проектот за размена на искуства, како и координацијата и подготвеноста на институциите во услови на елементарни непогоди и катастрофи.

На претставниците од Краљево им беа презентирани активностите и улогата на ЦУК и Регионалните центри за управување со кризи за време на  катастрофи, кои потоа беа во  работна посета   кај градоначалникот на  Општина Струмица

На ден 17.12.2019 година преставници од единиците на Цивилната заштита на град Краљево заедно со претставници од Регионалниот центар за управување со кризи Струмица, Дирекцијата за заштита и спасување Струмица и Црвен Крст Струмица беа во работна посета на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион. Присутните на работната посета во Центарот за развој на Југоисточниот плански регион имаа можност да се информираат за веќе имплементираните проекти, долгогодишната добра соработка којашто Центарот ја има со УНДП, резултатите од веќе реализираните проекти со приоритетни точки заштита, спасување и справување со кризи како и презентирање на проекти од оваа област кои се во тек како проектот Интегриран оперативен центар за хуманитарна помош – HELP кој вклучува дизајн на кластер од контејнери за извршување на клучни операции за олеснување при справување со катастрофи.

На ден 18.12.2019 год претставници од РО РКОА РЦУК Струмица,ПО ДЗС Струмица  и гостите од Краљево  присуствуваа на презентација на активности кои се спроведуваат од страна на УНДП во Полошкиот регион според  проектот „Подобрување на отпорноста на Полошкиот регион од поплави.