На 24 декември 2019 година во хотел „Александар Палас“, Скопје, се одржа обуката за „Улогата на укажувачите во борбата против корупцијата“, организирана од страна на Транспаренси Интернешнл – Македонија и Државната комисија за спречување на корупција. Обуката се организира во рамките на проектот „Зајакнување на укажувачите во Македонија“, финансиски поддржана од грантот на Balkan Trust for Democracy, проект на German Marshll Found на САД и Амбасадата на Кралството Норвешка во Белград, чии имплементатор е Транспаренси Интернешенл – Македонија. Обуката има   за цел да ја подобри состојбата со заштитата на правата на укажувачите и промоција на нивната улога во борбата против корупцијата. На обуката учествуваа и претставници од Центарот за управување со кризи.