На ден 26.12.2019 година  во просториите на дом на АРСМ -Струмица се одржа редовна седница на Регионалниот штаб за 2019 година. На седницата присуствуваа претставници од РЦУК-Струмица, ЕЛС Струмица,Василево, Ново Село, ЈПКД Турија-Василево, ЈКП Комуна Ново Село,ТППЕ-Струмица,ЈЗУ Здравствен дом-Струмица, ЈЗУ Општа болница-Струмица, ЈЗУ Центар за јавно здравје-Струмица,МВР-СВР-Струмица,ВС на РМ Подружница „ Струмичко поле “ Струмица, Агенција за храна и ветеринарство ПЕ Стумица, ДЗС-Струмица, Црвен крст-Струмица, ПШС Беласица-Струмица, ЈП Македонија пат-Струмица)

         На седницата се работеше по следниот дневен  ред:

  1. Подготвеност на ЕЛС Струмица, Василево Босилово, Ново Село  и ЈПКД во општините и ЈП Македонија пат-Струмица  за спроведување на  Програмата за одржување на улиците, магистралните, регионалните и  локалните патишта  во општините во зимски услови за 2019/2020 година.
  2. Информација за состојба со речните корита и акумулациите во надлежност на ВС“Струмичко Поле“-Струмица.
  3. Информација за исправноста на водата за пиење во Струмичкиот регион.
  4. Информација за состојбата со заразните болести на животните  во Струмичкиот регион.
  5. Информација и запознавање со  акциониот план за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух,препораки и мерки за намалување на аерозагадувањето во општина Струмица и регионот.
  6. Разно

           На седницата се донесоа следните  заклучоци:

  1. Приоритет при чистење и одржување на патните правци ,да им се даде на правците кои водат до медицинските установи, школите,ТППЕ , органите на државната управа и ЕЛС, како и планинските села кај кои постои можност за отсеченост и тоа селата Мемешли, Дорломбос, Орманли (општина Струмица) Висока Маала (општинаВасилево), Барбарово,Бадилен и Стиник (општина Ново Село).
  2. Се задолжуваат сите субјекти учесници во Системот за управување со кризи да ја зголемат меѓусебната комуникација и координација со цел поефикасно справување во зимски вонредни услови,доследно да ги почитуваат законските надлежности, и да се придржуваат на усвоените Оперативни планови за дејствување при екстремни зимски вонредни услови.
  3. Се задолжуваат сите здравствени јавни установи редовно да ја следат ситуацијата околу здравствената состојба на населението и редовно да информираат за состојбата.
  4. Се задолжуваат институции кои се опфатени со Акциониот план за превенирање на штетните влијанија и последиците од студеното време и студените бранови врз здравјето на населенито во РМ да ги превземат сите соодветни активности и мерки кои се определени според фазите од системот за ранопредупредување и алерт во зимскиот период.
  5. Се задолжуваат општините Ново Село, Василево и Босилово да изработат Акционен план за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух во Општините.
  6. Се задолжуваат инспекциските служби од ЕЛС и Државниот инспектор за животна средина да вршат редовни и вонредни инспекциски надзор во регионот во институциите за намалување на загаденоста  на воздухот,и дали се поставени филтри за намалување на загадување на воздухот.
  7. Се задолжуваат ЕЛС И ЈПКД да определат места за закопување на заболени-заразени животни и декларираат човечки и материјални ресурси при евентуална појава на болеста Африканска свинска чума кај свињите во регионот според препораките на Агенцијата за храна и ветеринарство.