Денеска во Кабинетот на Претседателот на државата Стево Пендаровски, се одржа 6-та седница на Советот за безбедност, посветена на вонредната состојба воведена заради заштита и справување со епидемијата со коронавирусот.

На прес-конференцијата оддржана по седницата на Советот за безбедност, Претседателот  истакна дека „По широките консултации, кои изминатите денови и денеска ги имав со експерти од повеќе области и со советниците во Кабинетот, а врз основа пред се на кажаното  и предложеното на седницата одлучив да прогласам нова вонредна состојба во траење од само 14 дена, наместо бараните 30. Со оглед на позитивните трендови на смирување на состојбата со пандемијата сметам дека 14 денови се доволни.“

Исто така, Претседателот Пендаровски потенцира дека новата вонредна состојба е потребна исклучиво за справување со економските ефекти поврзани со Ковид-19, како и за заокружување со здравствените одговори на пандемијата. (https://pretsedatel.mk/)