Во рамки на проектот „Напредна регионална координација при цивилни итни состојби во западен Балкан“ во рамки на програмата на НАТО - НАУКА И МИР И БЕЗБЕДНОСТ на ЦУК, донираше ИТ опрема на институциите во рамки на системот за управување со кризи. Ова донација е со цел за користење на веб – базирана алатка “Следна генерација на систем за командување и управување со инциденти“ -  NICS (Next Generation Incident Command System).

Институции кои добија опрема се следните:

1.         Министерство за внатрешни работи;

2.         Министерство за здравство за потребите на итните медицински екипи;

3.         Министерство за земјоделие, шумарство и водостопанство;

4.         Министерството за одбрана

5.         Армијата на Република Северна Македонија

6.         Територијалната противпожарна бригада на град Скопје како и територијалните противпожарни бригади во: Куманово, Нагоричане, Ранковце, Крива Паланка, Кратово,  Охрид, Кичево, Струга, Дебар, Македонски Брод, Тетово, Гостивар, Битола, Прилеп, Демир Хисар, Ресен, Велес, Свети Николе, Кавадарци, Неготино, Штип, Пробиштип, Кочани, Виница, Делчево, Македонска Каменица, Берово, Виница, Струмица, Гевгелија, Валандово и Радовиш;

7.         Воената Академија и

8.         Центарот за управување со кризи

Проектот продолжува и во иднина да ги поддржи институциите кои се задолжени за справување со инцидентите и кои активно се вклучени во имплементацијата на NICS (Next Generation Incident Command System) системот, преку кој со одлика на Владата на Република Северна Македонија се дигитализира Системот за управување со кризи.

Проектот е регионален и се развива заедно со Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска, во соработка со MIT Lincoln Laboratory, при Massachusetts Institute of Technology, Бостон, а со поддршка на NATO – SPS (Science for Peace and Security Program) програмата