Во извештајот добиен од АМСМ во 06:00 часот на ден 21.10.2019 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

На магистралниот пат А1, делница Демир Капија-Смоквица, поради изведба на осветлување и сигнализација на тунелите Демир Капија 1 и Демир Капија 2, ќе има времена  измена на режимот на сообраќајот. Сообраќајните знаци за изменет режим на сообраќајот се поставени од 17.10.2019 година, а предметната сообраќајна согласност е со рок на важност од 3 (три) месеци.

Во извештајот добиен од АМСМ во 06:00 часот на ден 17.10.2019 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

На магистрален пат А1, делница Демир Капија-Смоквица, заради изведба на осветлување и сигнализација на тунелите Демир Капија 1 и Демир Капија 2, ќе има времена  измена на режимот на сообраќајот. Сообраќајните знаци за изменет режим на сообраќајот ќе почнат да се поставувуваат од 17.10.2019 година, а предметната сообраќајна согласност е со рок на важност од 3 (три) месеци.

Во извештајот добиен од АМСМ во 06:30 часот на ден 13.10.2019 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.

На неколку места низ државата се изведуваат градежни работи на пат, каде е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Во извештајот добиен од АМСМ во 06:00 часот на ден 12.10.2019 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.