Во извештајот добиен од АМСМ во 06:10 часот на ден 21.07.2019 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Богородица има зголемена фреквенција на возила, така да времето на чекање за излез од државата е од 30 до 45 минути. На останатите граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ЈП Македонија пат известува дека патниот правец с.Истибања – брана Калиманци е затворен за сообраќај за сите возила.

Забраната за движење на тешки товарни возила, на државните патишта и на магистралниот пат О2, Скопје – Охрид – Скопје ќе бидат на сила до 01.09.2019 година и истата важи за време на викендите во одредени временски интервали.

АМСМ известува и дека на неколку места низ државата се изведуваат градежни работи на пат, каде е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.